Двојазичноста во бизнисот нема да ни донесе подобра економија, вели економскиот аланитичар и универзитетски професор Дарко Лазаров.
-Мерката на Владата, односно изјавите за двојазичност во приватниот сектор навистина се проблематични и скандалозни, и тоа во никој случај нема да овозможи подобрување на конкурентноста на фирмите, посебно не во време на пандемија. Она што сакам да потенцирам, е дека најсериозен проблем е националната поделеност во бизнисот, зашто тој не познава јазици, туку квалитет, особено глобалниот бизнис. Треба да се фокусираме кон квалитетно образование, а ние се занимаваме со некои примитивни и популистички мерки. Во 21 век во сите земји економиите ги базираат на знаење, само ние на популизам, што може сериозно да и наштети и на економијата, и на Македонија, воопшто, вели за Алфа универзитетскиот Лазаров.