Зоран Витанов поранешниот заменик министер за економија имаше остра дебата со актуелниот министер во истото министерство, Крешник Бектеши.

Витанов, го критикуваше Бектеши и му посочи дека тој живее во свет на припадност, не на компетенции, и го праша министерот каде има работено економија пред да стане министер.

Министре кажете си го вашето CV каде имате работено пред да бидете министер ? – праша Витанов .

-Вие треба да зборувате за компетентни Македонци, Турци, Албанци, критериумот е компетенција, не етничка припадност која е непозната категорија во економијата, истакна Витанов.

Министерот Крешник Бектеши да не остане покус му рече на Витанов дека никогаш не слушнал за него, на што Витанов му одговори дека пазарот слушнал за него и нема потреба Бектеши да знае за него.

-Мене пазарот ме вреднува, вие кажете го вашето CV вие сте на власт, јас вас ве плаќам, нема што јас на вас да ви давам отчет, вие треба на јавноста да и давате отчет, додаде Витанов.

Тој исто така му порача на министерот Бектеши дека тој што зборува за припадност, не разбира економија, можеби е тоа политика, но е штета на економијата и компаниите.

Додека не разбереме дека исто како и во политиката и во економијата ако компетенцијата не е единствен клуч, Македонија гарантирано ќе си остане дно во Европа, ДУИ е 19 години во власта без прекин и ние сме дно во Европа, и ги молам ДУИ нека зборат за што сакаат, ама за економија не, имаа 19 години да зборат за компетенции, ги молам и СДС да престанат ДУИ да ги ставаат во економија затоа што 19 години се на власт и да го потсетам премиерот Заев дека пред да дојде на власта кажуваше дека ДУИ не рабира економија, зошто сега СДС од толку познати економски остави комплетната економија да ја води ДУИ, кои ја водат по припадност. Ако сакате некоја компанија да пропадне критериумот нека биде припадност, ако сакате некое претпријатие да биде конкуретно, критериумот треба да биде компетенции се друго е „млатење празна слама“ и трошење пари и време, затоа што потрошивме петина век зборејќи за припадности, треба да зборуваме за компетенции, додаде Витанов.


Администратор
24/09/2020 02:28