Откако на социјалните мрежи се појавија снимки од премиерот Заев, вицепремиерот Љупчо Николовски и министерот за здравство Венко Филипче како возат мотори без соодветна заштита односно без кацига, во одредени портали денес беа лиферувани платни налози со кои тројцата функционери се казнети по 50 еври поради прекршување на сообраќајните правила.
Од МВР за порталите ја потврдиле информацијата дека на Заев, Николовски и Филипче им биле издадени казни.