Ковид-ситуацијата е одамна излезена од контрола а тоа се должи на погрешната стратегија на надлежните и недостаток на стручен кадар, вели пулмологот д-р Ангелко Ѓорчев за Алфа.
-Дали ние имаме доволно стручен кадар односно анестезиолози? Тое е една многу тешка и напорна професија. Јас не сум сигурен дека имаме доволно стручни лица во таа област.Можеби тука треба да се бара причината за големата смртност во Македонија. Не сум убеден, дека ние ги имаме вистинските кадровски решенија во овој момент и во комисијата за заразни болести и во МЗ. Затоа се потребни промени, вели Ѓорчев.
Од почетокот на епидемијата Македонија брои 705 починати од коронавирусот.