Откако министерот за животна средина Насер Нуредини изјави дека Русино ќе биде депонија уште максимум 10 години, се зголеми револтот кај Гостиварчани.

Тие се организираат преку социјални мрежи и закажаа протест во вторник (22.09.2020) кој ќе започне во 17 часот пред објектот на Општина Гостивар.

Под мотото „Протест за чист воздух, за живот, за стоп Русино“, гостиварци сакаат да бидат гласни и слушнати за своите барања од надлежните, а кои се однесуваат на итна постапка за нова локација и рок за затворање и санација на депонијата.

Во обајавата која кружи на социјалните мрежи во врска со најавениот протест пишува дека истиот ќе се одржува мирно, без национални, верски и партиски обележја.