Попладнево во Градскиот парк во Струмица Отсекот за превенција при СВР Струмица, заедно со сообраќајната полиција, со делење на флаери, вода и заштитни маски за лице ја одбележаа Европската недела на мобилност.

Настанот се одржа под мотото „ Иднината на одржливата мобилност е во твои раце. Вози велосипед!!!“.

На возачите на велосипеди полициските службеници им укажуваа на почитување на сообраќајните знаци, правила и прописи со цел за поголема безбедност во сообраќајот.

Покрај полицијата, партнер во оваа едукативна акција е Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, а на настанот присуствуваше и претседателката на оваа организациција, Гордана Кожуваровска.