Почина Атанас Филиповски, истакнат спортски работник и пријател на каратето, кој со години извршуваше значајни функции во Карате федерацијата на Македонија.

Филиповски е роден во с. Сулдурци, Радовишко, на 22-ри септември 1946 година. Познат во својата професија како градежен инженер, редовен професор на Градежниот факултет во Скопје од 1996 година по предмети од областа на металните конструкции и испитувањето на конструкциите. Проф. д-р Атанас Филиповски магистрирал на ИЗИИС во 1978, а докторирал на Градежниот факултет во Скопје во 1988 година. Има објавено учебници по метални, челични конструкции за Градежниот и Архитектонскиот факултет, единствени во земјава, кои се користат и од специјалистите во практиката.

Во КФМ беше истакнат функционер цела деценија, во кои во два мандата беше член на Извршниот одбор, од 2002 – 2004 и од 2008 – 2012 година. Во периодот 2004 – 2008 беше генерален секретар на КФМ. Покрај тоа, Филиповски беше и член на Натпреварувачка комисија на КФМ, комесар на натпревари, заменик селектор во кати и претседател на Карате клубот “Маквадо”.

Карате федерацијата на Македонија загуби признат спортски работник, кој како голем професионалец во својата струка, даде значаен придонес во развојот и популаризацијата на карате спортот.


Администратор
19/09/2020 16:50