Претседателот на Судскиот совет на Република Македонија, Киро Здравев денеска оствари средба со Претседателот на Собранието, Талат Џафери.
На средбата, како што информираат од Судскиот совет, било разговарано за ажурирање на постапката за избор на член на Судскиот совет од страна на Собранието, со што Судскиот совет на Република Македонија целосно кадровски би се екипирал.