„Заев или Филипче - кој ќе одговара ако хронично болни пациенти на работа се заразат со Ковид 19 или не дај Боже, се случи најстрашното“ вели Милован Матовиќ- човек со хронична болест на белите дробови, кој пред камерата на Алфа раскажа кои се неговите реални стравови ако се врати на работа- како што одлучи Владата од 23 септември.
-Кој сака да седи дома? Па оние карантински месеци најмалку беа пријатни за било кој од нас. И сега, според одлуката на Владата специјалистите ќе треба да утврдуваат дали на нас ни се влошила работата за да не одиме на работа. Не дај Боже мојатаработа ако се влоши, да не зборувам што ќе следува, а и термини нема за кај специјалистите. Затоа за да се вратиме на работа барам прво да кажат кој ќе одговара ако ни се случи нешто. Ако еве се случи десет луѓе од нас да починат како последица од коронавирус..дали некој ќе одговара? Ама со име и презиме..ако е тоа премиерот Заев или министерот за здравствоФилипче, па ете они да оговараат со конкретна казна – вели револтирано Матовиќ.
Тој работи во администрација во општина Кисела Вода.
-Сите кој биле во Кисела Вода знаат како изгледаат бараките.Тие се 60 години стари. Поголемиот дел од канцеларии се помали, каде дистанцата е невозможна помеѓу колегите но и за странките. Да се носи маска во затворен простор осум часа, ни здрав не се издржува а не па болен човек со респираторни проблеми како јас – изјави Матовиќ.