Здружението за ментално здравје „Асоцијација Мисла” денеска организира панел дискусија на тема „Влијанието на пандемијата од КОВИД-19 врз менталното здравје на граѓаните“.

Поради пандемијата, настанот ќе се одржи онлајн на ZOOM платформата. Предвидени се обраќања на Стојан Бајрактаров, директор на Универзитетската клиника за психијатрија во Скопје, Благица Р. Ваниќ, психотерапевт, Константин Миноски, професор на Институтот по социологија при УКИМ и Сања Катушевска Вангелски, психијатар.

Настанот е дел од проектот „Акција за поддршка на менталното здравје“ финансиран од програмата Цивика Мобилитас.