- Сакаат да го продадат Гоце, за да можат да си поделат уште некоја лиценца за производство на марихуана, нови зделки со бизнисмени со сомнително потекло на капиталот, за нова урбана мафија, да диктираат судски пресуди, да го ограбуваат народот, порача Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот протест организиран од ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски во својот говор пред граѓаните додека и дека власта треба да е свесна дека во оваа земја живее и народ кој ја сака Македонија а не само нивната мафија.

- И токму затоа денеска сме тука затоа што во Македонија освен мафија има и народ и тој народ си ја сака државата и сака иднина во оваа држава.

Овој народ си го сака Делчев, затоа што Делчев е симболот на Македонија и ние од Делчев нема да се откажеме, Делчев е нашата нашата тврдина која нема да ја напуштиме. Делчев обединувал, а денес ова СДСМ со Заев разединува. Тоа е трагедијата на денешното време.

Затоа сме денеска тука за да кажеме мафијата не е посилна од вистината. Изборот е или СДСМ или вистината, или Македонија или мафија!

Изборот на овој народ и на оние стотоци илјади кои што се денеска дома и не гледаат е Македонија, ајде заедно да дадеме надеж дека можеме од оваа држава наша да направиме гордо, достоинствено место за живеење.

Сосема на крај да ви се заблагодарам за вашето присуство на овој подготвителен прв протестен собир и да им кажеме опаметете се, Делчев е нашиот последен бастион, Делчев е нашата тврдина, Делчев е нашиот Мечкин камен и нема да отстапиме ниту педа, ниту милиметар од Делчев, истакна Мицкоски.


Администратор
15/09/2020 20:39