Македонски знамиња, знамиња на ЕУ, патриотски песни и поголем број на креативни слогани се дел од вечерашниов протестен марш на опозицијата кој е израз на револт кон власта за преговорите кои ги водат со Бугарија а на кој јасно се бара, Гоце Делчев да биде признаен од наша страна како бугарски револуционер.

Протестот е организиран од страна на ВМРО-ДПМНЕ, започна пред министерството за правда, продолжи по мостот „Гоце Делчев“ и заврши пред министерството за надворешни работи, под чија капа функционираат историските комисии кои водат преговори со Грција и Бугарија во согласност со потпишаните договори за добрососедство и промена на името.


Администратор
15/09/2020 19:42