Мајките кои се на породилно отсуство в четврток ќе протестираат пред владата откако вчера беше одлучено од 23 месецов да се вратат на работа.

Според најавите објавени од организаторите на Фејсбук, протестот ќе се одржи пред владата во четврток, од 17 и 30 до 19 часот, ќе бидат запазени сите мерки на заштита од коронавирусот, а пријавен ќе биде во полициската станица „Беко“.

Барањата на мајките се породилното да се продолжи до крајот на годинава како што првично беше најавено, од повеќе причини. Прво, тие стравуваат дека во пракса нема да се изведе зголемување на бројот на деца во група од шест на дванаесет, зашто ниту има доволно време да се обезбеди простор и кадар, ниту градинките имаат капацитет, така што оваа мерка според нив ќе остане само теорија. Дури и да сакаат, нема да има место да ги запишат децата во градинка, најавуваат родителите кои ќе протестираат.

Според најавите, на протестот ќе се вклучат и родителите кои користеа мерки за деца до 10 години кои се надевале на продолжување на мерката да останат дома, заради скратеното време на децата во училиште и помошта за оние кои ќе следат настава онлајн.


Администратор
15/09/2020 16:43