На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се двајца пациенти. Вкупно се хоспитализирани 82 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се четири деца и четири мајки позитивни на ковид-19, седум деца и седум мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се тројца, а вкупно хоспитализирани се 26 пациент. На респираторна машина се двајца пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 147, позитивни и сомнителни на ковид-19.