Слики од драматична состојба на преспанското езеро објави Фејсбук групата „Пријатели на Преспа“. Тие апелираат дека од ден на ден езерото се повеќе исчезнува.
Езерото пресушува, брегот е десетици метри навлезен кон езерото, поради опаѓање на водостојот.
… И додека сите молчат пред нас и пред наши очи се губи еден бисер… Досега на Преспанско имаше два острови, но сега излегуваат многу острови и полуострови. Тиња, кал и призорот дека тука имало вода, жалосна слика. Овој бисер моли и ја бара нашата помош. Сликите кои денес ги затекнав, се уште еден показател дека ова езеро е на работ на пропаста. Крајно време е да се реагира ако сакаме овој бисер и понатаму да сјае и да ја краси нашата земја“ предупредуваат од Групата и апелираат да се споделуваат фотографиите за да не го изгубиме „Преспанско“.