Сопственикот на Еуростандард банка Трифун Костовски се сомнева во политичко влијание од страна на власта за затворање на банката, односно како што истакна во емисијата Само интервју на Канал 5, во моментов собира докази како би можел да докаже дека политиката има вмешано прсти во стечајот на банка, со цел, како што рече, прикривање на трагот на парите кои се дадени како лоши кредити.

-Кој ја предлага гувернерката на Народна банка? Претседателот на државата, уставно право му е. А претседателот под кое влијание врши номинација на гувернер. Дефинитивно има политичко влијание, Можеби тешки зборови изговарам, но апсолутно е дека има и политичко заднина и повеќе од јасно е. Тежок збор изговарам, одговорен сум и стојам зад ова. Немам се уште докази, но ќе ги обезбедам, истакна Костовски.


Администратор
12/09/2020 03:56