Што се изгоре во последниот пожар во канцелариите на Државниот инспекторат за животната средина? Детали уште нема а поминаа веќе три дена. И времето неопходно за да се утврди што се е уништено и која е причината за избувнувањето е идентичен индикатор, како и фактот што не е само овој пожар волку мистериозен. Јавноста со право стравува дека и овој пожар ќе остане нерешен како и други претходно.
За потсетување, пред две години во министерството за правда беше уништена документација за меѓународна правна помош, но и делот за финасии и сметководство, но ниту се најде виновник, ниту пак причина што го предизвика пожарот.
Лани пак во март наводно пукната цефка во СЈО ги поплави документите од постапки кои ги водеше обвинителството. Што се уништо никој никогаш не дозна.
Во 2013 голема огнена стихија ја зафати главната пошта во Скопје, за овој пожар казна заработи внукот на Рафиз Алити тогаш прв човек на Пошти, кадар на ДУИ.