Продолжувањето на мерката за ослободување од работа на хронично болните направи хаос во ординациите на матичните лекари. Овие пациенти сега се во мисија да стигнат на ред за потврда. Рокот за обновување на потврдите е 22 Септември. Ако не успеат да извадат се враќаат на работа, но тоа пак не влијае никако врз матичните лекари, оти кај некои од нив термини нема до крајот на септември.

-Пациенти со дијабет, со мозочен удар и со инфаркти, за сите тие не можевме да најдеме термини соодветни за да закажеме бидејќи се е блокирано. Им даваме упати за седум дена, да се снајдат да стигнат до овие специјалисти, дали на дежурство или кога ќе ги најдат, во консултација со нив да се види каква ќе биде понатамошната препорака- вели за Алфа, доктор Лилија Чолакова Дервишова, претседател на Здружение на матични лекари.

Пациентите со хронични болести, преку социјалните мрежи алармираат дека термини нема. Во паника се заради кусиот рок и блокирани термини.