ВМРО-ДПМНЕ денеска го одржа својот втор најавен протест против покачувањето на цената на струјата.

Дел од пратениците побараа да се сретнат со претседателот на Регулаторна комисија Марко Бислимовски но вратите за нив од оваа институција останаа затворени.

-Ние денеска дојдовме до регулаторната комисија, а тие не пречекаа со затворени врати. Никој не ни ја отвори врата за да го поднесеме ова барање до нив. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани да им се придружат на нив бидејќи ние сакаме да го слушнеме гласот на народот. Гласот на народот е намалување на цената на струјата, бараме да се врати старата цена и да си поднесат оставка сите членови на регулаторната комисија на чело со претседателот, вели Мисајловски.