Јавниот повик за доставување пријави за признанието „Успешни млади“ за 2019 година, што го доделува Претседателот на Република Македонија е отворен до 18 септември 2020 година.

Како што информираат од кабинетот на претседателот Пендаровски, признанието се доделува како поттик на научноистражувачката мисла и уметничката работа на младите, за резултати постигнати во текот на 2019 година, во осум категории:

1. Најдобар/а млад/а научник/чка во општествените науки;

2. Најдобар/а млад/а научник/чка во хуманистичките науки;

3. Најдобар/а млад/а научник/чка во природно-математичките и техничките науки;

4. Најдобар/а млад/а научник/чка во медицинските науки;

5. Најдобар/а млад/а иноватор/ка;

6. Млад талент (за ученици и ученички од средните училишта);

7. Признание за постигнат особен успех и за афирмација на инклузијата (за млади со попреченост);

8. Најдобар/а млад/а уметник/чка.

Јавниот повик ги опфаќа сите лица што заклучно со 2019 година навршуваат 35 години, а кои постигнале значајни резултати во соодветната категорија, освен за шестата категорија (млад талент) за која можат да се пријават само ученици и ученички од средните училишта.

Јавниот повик во кој детално се наведени условите и начинот за доставување на пријавите е достапен на веб-страницата на Претседателот на Република Северна Македонија на:

– македонски јазик https://pretsedatel.mk/uspesnimladi2019/

– албански јазик https://pretsedatel.mk/al/te-rinj-te-suksesshem-2019/

– англиски јазик https://pretsedatel.mk/en/public-call-for-submission-of-applications-for-the-recognition-successful-youth-for-2019/

-Препознавајќи ги социо-економските предуслови на поединците како значаен фактор во пристапот и можностите за образование и професионален напредок, со овој повик особено ги охрабруваме сите млади кои припаѓаат на ранливи категории да поднесат апликации за признанието „Успешни млади”, се наведува во соопштението.