Градоначалникот на Рејнолодсбург, Охајо, по повод Денот на независоста на Македонија го прогласи 8 септември за Ден на македонското наследство во Охајо.

Приотоа, во чест на празникот и за оддавање почит на македонската заедница во Охајо, синоќа се оддржа церемонија на свечено подигање на македонското знаме пред зградата на градската општина во Рејнолдсбург.

По овој повод, говор одржа и градоначалникот Џо Бегени.

Организатор на прославата беше Татјана Божиновска, жителка на Рејнолдсбург, како и црквата Света Богородица.