Поранешниот градоначалник на Општина Центар Жупа од редовите на Демократската партија на Турците а поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „ За подобра Македонија“ Хасан Мазлум почина како последица на коронавирусот на 52 годишна возраст.

Веста за смртта на Хасан ја потврди и градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука.

Денес ја примивме тажната вест за смртта на поранешниот градоначалник на ц. Жупа, Мазлум Хасан. Изразуваме најдлабоко сочувство до семејството на починатиот и Бог да им даде сабур. Го молиме Господ на Мазлум да го награди со Џенет ин ша Алах, напиша на својот Фејсбук, Дука.