Јапонската компанија Скај драјв објави дека успешно го завршила пробното возење на својот летечки автомобил со луѓе во него.

Демонстрацијата се одржа на 25 август на полигонот на Тојота – еден од најголемите во Јапонија.

– Ние сме многу возбудени што го направивме првиот лет со автомобил со човечки екипаж, во Јапонија по само две години откако ја основавме Скај драјв – со цел за комерцијализација на ваквите летала, рече извршниот директор на компанијата, Томохиро Фукузава.

СД-03 е најмалото електрично возило со вертикално полетување и слетување во светот. Зафаќа простор колку два обични автомобила. Има осум мотори кои осигуруваат „безбедност во итни случаи“.

„Сакавме ова возило да изгледа футуристичко, харизматично и пожелно за сите идни клиенти, со целосна интеграција на високата технологија на Скај драјв“, се вели во соопштението на компанијата.

Оттаму сѐ уште не објавиле продажна цена на возилото.


Администратор
01/09/2020 13:24