Прв потпретседател на Владата означува дека тој ќе го заменува премиерот, во негово отсутство, истакна Артан Груби на денешната прес-конференција откако влезе во владиниот кабинер.

– Секако, ќе работиме заедно. Ние сме коалициска Влада и моја задача првенствено е да ги хармонизираме нашите ставови во програмата која заеднички ја имаме сплотено и усвоено и да ја имплементираме. Секако, дијалогот меѓу нашите две политички партии кохезивно во новата Влада ќе треба Заев и јас да го спроведеме во секојдневни дејствија, рече Груби.

На новинарско прашање дека во Законот за Влада не постои функција прв вицепремиер и дали ќе го менуваат Законот, Груби сопшти дека сметаат оти треба да се промени Деловникот за работа на Владата и тоа ќе го разговараат на утрешната седница.