Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски, преку социјалните мрежи информираше дека Советот на општината усвоил измени во Одлуката за комунален ред, со кои се забранува сушењето алишта во дворовите во општината кои имаат поглед кон улица или кон плоштад.
„Да почнеме од поблагите мерки, со цел доследно спроведување на прописите. За да не стигнеме до казни. Превенција пред репресија“, напиша Наумовски во коментар под објавата.
Неговата објава наиде на потсмев и „мајтап“ на социјалните мрежи.