Нема никаква економска оправданост и политичка причина за изборот на дури толкав број потпретседатели на македонскиот парламент, реагира поранешниот претседател на законодавниот дом во неколку мандати Трајко Вељаноски

Вељаноски смета дека ваквата иницијатива е неоправдана. „Демократијата е скапа играчка, но изгледа само во Македонија важи правилото, што поскапо тоа е поголема демократија“, реагира поранешниот потпретседател на Собранието.

Притоа со податоци прави споредба како ова прашање било регулирано за време на претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ, но и нуди споредби со другуте земји.

Во време на претходната власт:

2006-2008 година – 3 потпретседатели

2008-2011 година – 3 потпретседатели

2011-2014 година – 3 потпретседатели

2014-2016 година – 3 потпретседатели

За време на сегашнава власт:

2016-2020 година – 5 потпретседатели

2020-2024 година – 5 потпретседатели

Примери во други држави:

– САД – 435 пратеници – 1 потпретседател

– Велика Британија – 650 пратеници – 3 потпретседатели

– Словенија – 90 пратеници – 3 потпретседатели

– Италија – 630 пратеници – 4 потпретседатели

– Германија – 709 пратеници – 5 потпретседатели