Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 40 оздравени пациенти од: Скопје-13, Прилеп-1, Велес-2, Гостивар-9, Кочани-2, Македонски Брод-3, Свети Николе-1, Кичево-9.
Починати се четири лица, двајца пациенти од Гостивар на 71 и 82 години и 73 годишна пациентка од Тетово. Од нив двајца се починати во, а еден вон болнички услови. Почина и пациентка од Куманово на 68 години, примена во амбуланта на Инфективна клиника без срцева акција, а по обидот за реанимација констатирана е смрт.