Додека МВР „трага“ и не може да го пронајде советникот на ДУИ од Охрид Нефи Усеини и неговиот брат поради напад со пиштол врз нивен сограѓанин, приказната добива сосема нов тек откако нападниот охриѓанец Спирко Топаловски ја повлече изјавата дека бил нападнат и тепан со пиштол и и ги демантира изјавите кои тој сам ги даваше за медиумите.
„Јас Спирко Топалоски сега во добра здравствена состојба, сакам да ги демантирам написите кои деновиве излегоја во јавноста, надвор од контекст и надвор од се што се случи критичниот ден. Од еден немил настан и расправија, која произлезе најверојатно од политички причини односно од структури замене непознати со цел да се дискредитира неговото име и да се наруши нашето пријателство се направи филм. Додека јас и Нефи разговаравме, добив удар од задната страна и од стресот што го добив, особено и поради тоа што мојот син беше присутен добив погрешен впечаток за се. Да бидам искрен оружје не видов, но во целата таа паника што настана се стекнав со таков впечаток како да има пиштол, а всушност немаше. сакам да потенцирам дека се работи само за едно недоразбирање, кое е надминато. Нефи бил и ќе биде мој пријател. Би ја замолил јавноста и медиумите да се занимаваат со други поважни, а не вакви исконструирани настани“, се вели во изјава која до медиумите ја испрати адвокатот на Спирко Топалоски, Кристијан Спироски.