Движењето БЕСА ќе раководи со ресорот земјоделство, но кој ќе биде министер ќе се знае по вечерашниот состанок на Централниот совет на партијата.
Ова го соопшти претседателот на БЕСА, Билал Касами по состанокот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев со првите луѓе на останатите партии од коалицијата „Можеме“, што се одржа попладнево во седиштето на Социјалдемократскиот сојуз.
Како што изјави Касами, БЕСА ќе биде дел и од другите ешалони на власта и ќе добие заменици министри и директори на институции.
– Движењето БЕСА ќе има важна улога во владејачкото мнозинство. Ќе раководиме со ресорот земјоделство и сигурно во другите ешалони на власта ќе имаме важна улога, во делот на замениците министри и дирекрори на важни институции. Ова ќе биде придобивка за сите граѓани независно од нивната партиска или друга припадност. Сите функционери на БЕСА ќе бидат во нивна служба, рече Касами.
– Се уште не би можел да кажам кој ќе биде министер. По седницата на Централниот совет ќе ја имаме и таа информација, дополни Касами.