Лидерот на СДСМ Зоран Заев попушти пред Али Ахмети и покрај навидум цврстите ставови и ветувања кои ги имаше дека нема да потклекне на уцените на ДУИ за премиер од албанската заедница во Македонија.

-ДУИ заминува во опозиција. Pse JO BDI ne opozit? Зошто не ДУИ да биде опозиција, рече Заев за време на кампањата кога ДУИ го промовираше кандидатот за премиер Насер Зибери. Заев се цврсто ветуваше и дека нема да потклекне на никакви уцени.

-Дали во тој случај би прифатиле таков ултиматум, таков услов од страна на ДУИ¬? Секако дека не, ултиматум не треба да прифаќа ниту Заев, ниту Мицкоски, ниту Ахмети, ниту било кој да прифаќа, изјави Заев.

По којзнае кој пат, првиот човек на СДСМ не си остана на зборот. ДУИ не стана опозиција, а доби и премиер. Последното Заев вчера одвај го образложи, откако новинарите инсистираа со прашања, а претходно неколку пати повтори дека тој ќе ја води Владата со полн 4-годишен мандат. На новинарските прашања, помалку срамежливо рече дека последните 3 месеци од владеењето премиерското столче ќе му се падне на ДУИ.

Заев дури вчера не кажа и дека е договорено вицепремиер да биде од ДУИ, но поважното - што вчера не беше кажано е оти Заев веројатно не ќе може ниедна одлука да донесе без амин од точно тој вицепремиер.

Инаку во битката за гласови во изборниот процес двајцата старо-нови партнери си изнакажаа многу работи , Заев дури велеше дека Ахмети предел како маченце, а Ахмети го обвинуваше Заев дека после некоја ракија ги менувал ставовите пред граѓаните, а на само кога биле зборувал друго.

Претходно Заев зборуваше и дека нема да се менува името, ниту пак ќе имало двојазичност низ Македонија, но сепак промените се реализираа.