Дел од медиумите пренесуваат дека советникот на ДУИ, Нефи Усени денеска во Охрид со кундак нападнал и претепал негов сограѓанин од Охрид пред очите на неговиот 14 годишен син.
Според првичните информации, инцидентот започнал на паркинг пред хотел во Охрид, истиот продолжил внатре во хотелското фоаје а очевидци велат дека низ хотелот секаде имало траги од крв а гостите испаничено бегале и се криеле за да не настрадаат.
Инцидентот го потврди и Охридската полиција.
Од таму велат дека денеска во 11: 35 часот, во СВР Охрид, С.Т.(41) од Охрид пријави дека пред угостителски објект, бил физички нападнат од Н.У. (45) од Охрид. Додаваат и дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Нефи Усеини е познат на македонската јавност по неколку инциденти од кои излезе без потешки последици. Во еден случај тој нападна инспектори кои му ја уриваа дивоградбата во охридската чаршија, потоа вербално нападна новинар а имаше и пријава за физички напад врз колега од БЕСА како и професор на Штуловиот универзитет.