На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 82 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациент, нема на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 18 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 7 деца позитивни на вирусот, и еден пациент суспектен на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 8 нови, вкупно хоспитализирани се 83 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 18, а во болницата во Штип се хоспитализирани 41 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 122 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.