Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2006 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-51, Куманово-19, Дебар-2, Штип-15, Прилеп-6, Тетово-6, Струга-16, Велес-2, Битола-4, Охрид-2, Кавадарци-1, Гостивар-2, Гевгелија-1, Радовиш-1, Пробиштип-2,Македонски Брод-2, Берово-1, Виница-2, Делчево-1, Свети Николе-2, Кичево-2, Неготино-1.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 93 оздравени пациенти од: Скопје-25, Штип-33, Прилеп-1, Тетово-10, Велес-2, Битола-7, Пробиштип-1, Демир Хисар-2, Македонски Брод-1, Кичево-11.
Починати се четири пациенти, два пациенти од Скопје (54г. и 55г.), пациентка од Кавадарци (69г.), и пациент од Свети Николе (70г.). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12653, бројката на оздравени пациенти е 9123, на починати е 539, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2991. Денес се евидентираат три контролни теста. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 5373, активни 1007 • Куманово 1252, активни 262 • Дебар 226, активни 67 • Штип 1042, активни 275 • Прилеп 358, активни 37 • Тетово 1129, активни 152 • Струга 521, активни 187 • Велес 243, активни 28 • Битола 183, активни 75 • Охрид 307, активни 80 • Кавадарци 148, активни 106 • Гостивар 625, активни 266 • Гевгелија 28, активни 10 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 4 на Богданци) • Струмица 49, активни 20 • Крива Паланка 28, активни 5 • Радовиш 37, активни 9 • Крушево 16, активни 2 • Кочани 128, активни 34 • Пробиштип 69, активни 19 • Демир Хисар 53, активни 32 • Македонски Брод 65, активни 49 • Пехчево 8, активни 2 • Берово 13, активни 8 • Валандово 8, активни 2 • Виница 46, активни 41 • Делчево 8, активни 3 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица) • Кратово 15, активни 3 • Свети Николе 258, активни 66 • Кичево 236, активни 124 • Ресен 146, активни 9 • Неготино 35, активни 11 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 2006 теста се преку: ИЈЗ-525, ЦЈЗ Скопје-13, Авицена-180, Биотек-401, МАНУ -94, Жан Митрев (Филип Втори)-358, Систина со PCR метода -312, Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-98, Инфективна клиника-12, ГАК-13. Досега во земјата се направени вкупно 125128 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 78 пациенти. На кислородна поддршка се 41 пациент, нема на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 17 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 6 деца позитивни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 13 нови, вкупно хоспитализирани се 75 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 17, а во болницата во Штип се хоспитализирани 43 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 118 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 143 • Аеродром - 122 • Бутел - 66 • Гази Баба - 121 • Центар – 88 • Карпош – 106 • Сарај – 35 • Кисела Вода – 82 • Ѓорче Петров – 70 • Студеничани – 32 • Шуто Оризари – 67 • Арачиново – 18 • Илинден – 14 • Петровец – 6 • Чучер Сандево – 9 • Сопиште – 12 • Зелениково- 6 • Странец – 3 • Нераспределен - 7