Неколку дена апелираме и говориме на една тема, а тоа е финансирањето на политичките партии во време на кампањата за предвремените парламентарни избори. А, истите тие неколку дена СДСМ и Коалицијата „Можеме“ ги игнорираат буквално овие прес конференции, оваа тема затоа што има сомнеж дека сето она што го говориме е вистинито.

Денеска поднесовме претставка до Антикорупциската комисија, да отвори случај, да истражи на кој начин и како се финансирала СДСМ во кампањата за предвремените парламентарни избори, каде што немаат поднесено извештај за потрошени над 700.000 евра. Сума која што е прилично голема.

Како што рековме на првата прес конференција над 200.000 евра имаат потрошено на закуп за рекламни паноа и билборди. Нормално билбордите беа јавно објавени пакетите, ждребање во ДИК итн.

Но не ја сфаќаме причината поради која што СДСМ не се транспарентни кон јавноста.

И втората прес конференција каде што обзнанивме дека над 500.000 евра имаат потрошено за рекламирање на социјалните мрежи, Фејсбук, Инстаграм и останатите каде што можат да се рекламираат. Дневно има трошено над 27.000 евра како што реков во текот на кампањата над 500.000 евра, но немаат покритие за истите пари.

Така да, апелирам уште еднаш до Антикорупциската комисија да отвори случај, да ја сфати сериозно работата, бидејќи се работи за огромна сума на пари. Сомнежот е и на граѓаните, и на јавноста, и на сите останати дека тие пари се финансирани од рекетирањето на бизнисмените кое што го правеше СДСМ, од Луј Витон торбата итн. Но, тоа е работа на институциите која што ќе треба да ја истражат и да ја сведат до самиот крај.

СДСМ на овие избори изврши изборен грабеж, изборен поткуп, а тоа го преточи, освен надвор на терен, и во институциите како гласањето на Уредбата во Владата на пет минути пред завршување на вонредната состојба за двојно намалување на средствата за рекламирање и минутите на опозицијата, потоа и со непријавувањето на овие суми на пари, над 700 илјади евра. Така да, очекуваме брза реакција од институциите.

Кога СДСМ не се транспарентни, игнорираат и молчат, очекуваме дека Антикорупциската комисија ќе отвори случај и ќе ја извади вистината на виделина.

Во спротивно, ќе сметаме дека и тие се соучесници во целиот овој процес на СДСМ за нетранспарентност и прикривање на пари, односно финансирање од црни пари.

Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ


Администратор
10/08/2020 14:10