СДСМ во својот мандат единствено обезбеди сигурна сиромаштија. Над 700.000 граѓани се на работ на егзистенција. Граѓаните во време на криза немаат пари, а СДСМ се залага сметките за струја да се покачат

Ова СДСМ што го стори на македонските граѓани не ветува сигурна економија и подобра иднина. Ова ветува единствено сигурен банкрот на државата.

СДСМ и Зоран Заев единствено се грижат за ограбување на народот и поскапување на електричната енергија, која во сите европски земји ја задржа цената или беше намалена.

На Република Македонија не и е потребна уште една влада како минатата за да граѓаните осиромашат. На Република Македонија и е потребна сигурна иднина, а тоа ќе го овозможи владата преводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ


Администратор
10/08/2020 12:22