Спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи откри дека раководството на клубот одлучило да го отпушти Маурицио Сари од тренерската позиција пред тимот да биде исфрлен од Лигата на шампионите.

Како што е познато, Сари беше отпуштен вчера, а легендата на „бјанконерите“ Андреа Пирло го зазеде местото.

– Што се однесува до Сари, ги донесовме сите заклучоци и донесовме одлука пред натпреварот со Лион. Еден меч не ја решава судбината на тренерот. Ние ја оценивме целата сезона, а не еден натпревар. Одлуката за ангажирање на Пирло беше многу природна. Тоа е во стилот на Јувентус. Веруваме дека тој е предодреден да стане одличен тренер. Уверени сме дека тој ќе стане исто толку успешен тренер колку што беше и како играч. Андреа мислеше како тренер кога тој самиот излегуваше на теренот. Нè убеди неговата визија за играта, рече Паратичи за „Фудбал Италија“, кој и самиот е поврзан со отпуштање од италијанските медиуми.


Администратор
10/08/2020 02:09