Масакрот кај Карпалак — најброен масакр врз војници во воениот конфликт во 2001 година. На 8 август 2001 година 10 резервисти беа убиени, а тројца ранети кога конвој од хермелин, два автобуса, камион и комбе од Прилепската касарна одел кон Тетово. Кај месноста Карпалак конвојот бил начекан во терористичка заседа во 9:30 часот и врз него бил отворен жесток оган од тешки митралези и рачни ракетни фрлачи. Едно транспортно возило било погодено со ракетен фрлач, при што загинале осум војници и двајца офицери, сите од резервниот состав. Со ракетен фрлач бил погоден и еден од автобусите. Борбите за извлекување на преживеаните 108 луѓе траеле повеќе часови.

Конвојот со 13 транспортери, 15 тенкови, 30-тина камиони, потешко пешадиско оружје: топчиња, хаубици и два автобуса со резервисти одел кон Тетово, Еребино, за да изврши смена на силите и да однесе дополнителна опрема за војската којашто била сместена во Тетовско. Со минофрлачи, тромблони, зољи и автомати беше пукано од клисурата Карпалак и беше погоден еден камион кој се запали. Беше запалено и едно цивилно возило, а куршумите од автоматското оружје завршија и во автобусите со кои се транспортирале војниците, но возачот успеал да го оддалечи возилото од местото на заседата.

На 8 август 2001 година командантот од Прилеп имал планирано да изврши замена на еден дел од артилериската единица која беше на позиции во Тетовско, со нови војници - како и секогаш што се правело. Единицата тргнала од Прилеп - Скопје - Ѓорче Петров - Тетово. Конвојот со 13 транспортери, 15 тенкови, 30-тина камиони, потешко пешадиско оружје: топчиња, хаубици и два автобуса со резервисти одел кон Тетово, Еребино, за да изврши смена на силите и да однесе дополнителна опрема за војската која што била сместена во Тетовско. Чиста случајност беше што единицата од Прилеп во временски раздел од 30 минути излегла пред борбените единици кој во 9 часот тргнаа од Скопје за Еребино, односно автопатот за Тетово.

„Планерот“ кој сакал по секоја цена да ја спречи операцијата во Тетово, според јавно објавената задача преку А1 телевизија, испланирал и организирал заседа и рушење на автопатот за Тетово на местото Карпалак. Со минофрлачи, тромблони, зољи и автомати било пукано од клисурата Карпалак, при што бил погоден еден камион од конвојот кој се запалил. Било запалено и едно цивилно возило, а било стрелано од автоматско оружје завршија и во автобусите со кои се транспортирале војниците. Возачот на автобусот успеал да го оддалечи возилото од местото на заседата.

„Планерот“ мислејќи дека пристигнала колоната од Скопје, односно дека овие возила се како предходницата, во 9:30 часот ја отпочнал заседата - дејството по возилата кои се движеле по автопатот за Тетово. Терористите нанесоа кукавички, тешки и грозоморни загуби на недолжни македонски војници, но не успеаа да го дигнат автопатот во воздух и да го спречат доведувањето на единиците од Скопје иако имаа подготвено и поставено 200 килограми експлозив.

Причината што не успеаа е поради тоа што хеликоптерите беа во воздух за пратење на колоната тенкови и транспортери за планираната операција и за 10 - 15 минути отпочнаа со борбено дејство во реонот каде што беше организирана заседата и не успеаа да го активираат експлозивот. Покасно, на позициите каде што беа терористите, пронајдени беа жиците за активирање на експлозивот и по нив беше пронајден експлозивот во каналот на автопатот веднаш деминиран, поставен во пропусниот канал под автопатот.

По нападот македонските безбедносни сили ги употребиле авионите „Сухои“ за надлетување на теренот, а за цело време надлетувале и хеликопетрите. Автопатот Скопје - Тетово бил затворен за сообраќај. Никој од командната и раководна структура во македонскиот воен и цивилен естаблишмент не ја превзел одговорноста за жртвите и направените штети. За време на нападот, министер за одбрана бил господинот Владо Бучковски.

Жртви во крвавиот масакр кај Карпалак беа Нане Наумоски од Прилеп, Сашо Китаноски од Прилеп, Бранко Секулоски од Прилеп, Горан Миноски од Прилеп, Марко Деспотоски од прилепско Новоселани, Ердован Шабаноски од Прилеп, Љубе Грујоски од прилепско Пашино Рувци, Дарко Велјаноски од прилепско Ропотово, Веби Рушитоски од Прилеп и Пеце Секулоски од прилепско Бело Поле.