Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски тргна кон создавање парламентарно мнозинство потребно за мандат и нова влада. Денеска Мицкоски се сретна со лидерот на ДУИ Али Ахмети.
Средбата помеѓу Мицкоски и Али Ахмети траела повеќе од еден час а се случила во македонското собрание. Темата била создавање коалиција за нова влада. Доколку Мицкоски обезбеди поддршка од Левица и од ДУИ, ВМРО ДПМНЕ ќе ги има неопходните 61 пратеници со нивната поддршка, односно доволно за мандат и за нова влада.