На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се шест пациенти. Вкупно се хоспитализирани 83 пациенти од кои на кислородна поддршка се 49 пациенти, а еден е на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 15 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и шест деца позитивни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 10 пациенти. Вкупно хоспитализирани се 78 пациенти од кои на респираторна машина се тројца пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 30 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 48 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 120 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.