Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи во изјава за ТВ 21 ги демантира објавените информации на дел од албанските и македонски медиуми дека паднал договор за формирање на влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и неговата партија.

Нема никаков договор со ВМРО-ДПМНЕ, но нема никаков договор и со СДСМ, изјави Османи за ТВ21.

Во однос на тоа кој ги пласира гласините, Османи негира дека ДУИ е изворот на ваквите информации.

Претходно вечерва повеќе македонски медиуми на албански јазик објавија дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ги финализирале преговорите за формирање влада, повикувајќи се на неименувани извори од партијата. Според пишувањата, лидерите на партиите наводно се согласиле за премиер да биде поставен поранешниот министер и амбасадор, Лазар Еленовски, кој ќе се декларирал и за Албанец и за Македонец.


Администратор
06/08/2020 02:01