Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо ја коментираше одлуката на поранешниот голман на Реал, Икер Касиљас да стави крај на кариерата.

Во периодот кога португалскиот стручњак го водеше шпанскиот тим, голманот го загуби почетното место на штета на Диего Лопез.

– Благодарение на интелигенцијата и зрелоста на Икер, секогаш се почитувавме едни со други. Години подоцна, почитта прерасна во вистинско пријателство. Касиљас е прекрасен голман и човек. Тој го запиша своето име во историјата на Реал Мадрид, шпанската репрезентација и светот. Со него ја освоив Ла Лига и поставив рекорди. Во еден момент, морав да донесам тешка одлука базирана на професионални квалитети, а не на лични, и да направам избор во корист на различен голман. Целиот свет знае дека кога се приклучив на тимот, имавме еден вид конфронтација. Нема да кажам дека станува збор за нашето его, но имаше проблем во односот помеѓу капитенот и тренерот на Реал Мадрид. Не ми беше лесно да ја донесам таа одлука и Икер се согласи на тоа. Но, имаме добра врска, не е како што мислат сите, изјави Мурињо за „АС“.


Администратор
05/08/2020 19:36