Роџер Федерер, носителот на рекордните 20 Гренд-слем титули, даде интересен коментар поврзан со пандемијата на коронавирус и неговото влијание врз светскиот професионален тенис.

Швајцарецот, кој на 8 август ќе наполни 39 години, изјави за „СРФСпорт“ дека според него, 90% од тенисерите се задоволни од крајот на тениската сезона.

ВТА турнејата беше обновена оваа недела со турнирот во Палермо, а подоцна овој месец ќе се започне сезоната на мажи.

– Кога сте дел од турнејата повеќе од 20 години, вие сте среќни што имате една потивка сезона. Сега сите се принудени да останат мирни и мислам дека 90 отсто од играчите се задоволни од тоа. Тенисот следи „нон-стоп“ програма, никогаш не запира, рече Федерер, кој играше само на Австралија опен оваа година, а потоа повредата на коленото го натера да ја прекине сезоната.


Администратор
05/08/2020 19:34