Пилотот на Ферари, Себастијан Фетел ги сум[photo]ираше резултатите од британското Гран при кое го заврши на 10. место и освои само бод.

– Не е најдобрата трка за мене. Пробав сè, го сменив мојот стил на возење. Но, овој викенд не беше можно да се најде заеднички јазик со болидот. Имав проблеми на секои два или три круга. На крајот, не му верував на автомобилот.

Во моментот се движиме во непознат правец. Имаме основен проблем – или со мене или со автомобилот. Отпрвин се надевав дека сè ќе биде добро, но веќе во првите кругови не се чувствував пријатно. Не можеш постајано да напаѓаш. Тоа повеќе личи на одбрана отколку на напад, изјави Фетел.

За разлика од Фетел кој е далеку зад најдобрите, другиот возач на Ферари, Шарл Леклер, по првите четири трки од Шампионатот во Формула 1 има два подиума.


Администратор
04/08/2020 01:20