Со реакција во врска со поскапувањето на струјата денеска излезе и Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тој вели дека покачувањето од 7,4% на струјата е директен удар за и онака нискиот животен стандарт на граѓаните.

-Не ветија, ама остварија повисока цена на струјата. Она што оваа влада го спроведе како институционален поткуп ќе им биде одземено на граѓаните преку повисоките сметки за струја. Евтина тарифа за струјата со која толку многу се фалеа ќе биде неколкукратно повеќе наплатена од џебот на граѓаните. Ова е сериозен удар врз граѓаните. Бандитизмот на оваа власт е во секоја пора, а криминалот и празната каса на државните институции ќе се покриваат со парите на народот, кредитите веќе не помагаат. И затоа покажаа дека само во криминал и грабеж можат уште повеќе и уште подобро!, стои во неговата фејсбук реакција.


Администратор
31/07/2020 22:46