На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 10 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 84 пациенти. На кислородна поддршка се 46 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 9 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 1 дете позитивно на вирусот, како и 8 пациенти суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 15 нови, вкупно хоспитализирани се 100 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 31, а во болницата во Штип се хоспитализирани 41 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 113 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.


Администратор
31/07/2020 21:45