Ѕвездата од ТВ серијата „На лош пат“ (Breaking bad), Брајан Кренстон им соопшти на своите обожаватели дека е излекуван од Ковид-19 по што дарувал крвна плазма.

– Носете ги тие проклети маски!, порача глумецот притоа.

Брајан потоа им објаснуваше на следачите како изгледа процесот на дарување плазма, и како гледал стари филмови додека траела таа постапка.

– Имав среќа. Над 150.000 Американци починаа од ова, рече Кранстон.

Популарниот Волтер Вајт од легендарната серија, го заврши своето видео со повик да се дарува плазма и повторно ја истакна важноста на миењето раце, физичкото растојание и носењето маски.


Администратор
31/07/2020 15:28