Откако идејата за прв Албанец премиер на Македонија се става во сенка и откако Ахмети не успеа да ги седне на иста маса партиите од албанскиот политички блок кои освоија пратеници во Собранието на Република Македонија, вицепремиерот Бујар Османи во изјава за Телевизија 21 истакна дека ДУИ нуди т.н. „албанска платформа“ која ќе биде основа за политичка борба.

„Многу е важно да се согласиме за оваа албанска платформа во политичката трка која треба да биде постојана за албанската политика:

1.На изборите не се тркаме со повеќе од две листи.

2. Партијата која ќе добие глас повеќе зборува во име на Албанците во другите општини.

3. Партиите и пратениците кои имаат глас помалку, даваат поддршка на првата партија која за стратешките линии ќе зборуваат во името на сите пратеници Албанци, а за дневно политички прашања ќе биде главен коректор.

4. Пратениците на партиите кои не победиле не водат разговори на страна за да ги ослабнат преговарачките позиции на победничката партија (како во 2006).

5. Можност за соработки во разни форми во интерес на граѓаните меѓу албанските политички партии“, истакна Бујар Османи.