Швајцарскиот пијанист Алан Роше својот прв настап, откако беше укинат карантинот поради коронавирусот, го изведе на необичен начин – висејќи од кран на 40 метри над земјата.

На необичниот концерт во францускиот град Нант присуствуваа повеќе од 100 љубители на музиката. Тие седеа на столчиња на расклопување, и им беа дадени и слушалки за што е можно подобро да го доживеат квалитетот на звукот на изведбата.

Публиката беше импресионирана од настапот на Швајцарецот, а присутните велеа дека ова било необично, магично искуство.


Администратор
27/07/2020 14:23