Избори во Македонија не мора веќе да се одржуваат бидејќи губат секаква смисла. СДСМ објави тендер за купување пратеници од другите партии за да добие мандат за составување нова влада. По сите корупции и рекети СДСМ располага со многу пари и може да си дозволи купување туѓи пратеници и со тоа целосно да ги урне изборите како одраз на воља на граѓаните, а тоа е основен постулат и модел за било каква демократија во државата. Изборите станаа мафијашка трговија, пишува Вечер.мк.
Дека тоа не е само намера, доказ е што последниве денови пратеници од коалицијата на ВМРО ДПМНЕ, Алијансата и ДУИ веќе се повикувани на разговор од емисари од СДСМ и нудени им се пари.
Ова не е прашање кое може да го реши опозицијата, ниту судот и обвинителството кои се под контрола на СДСМ, ова прашање мора да го решава и реши Европската унија која одлучува за датум за преговори а со држава во која изборите се поништуваат со купување пратеници не е можно да се преговара за членство.
На двајца пратеници веќе им е доставена понуда, на едниот 200.000 а на другиот 500.000 евра за премин во пратеничкиот камп на СДСМ. Дека тендерот е отворен говорат и денешните информации кои ги пренесуваат порталите блиски до Зоран Заев и неговото наследство.
Целиот текст може да се прочита на вечер.мк