Претседателот на Левица и нов пратеник во Собранието на Република Македонија Димитар Апасиев, во емисијата „Само вистина“ истакна дека според информациите кои ги има СДСМ прави обид за купување на пет пратеници.

– Јас ги знам, со име и презиме и детали. Тие се уценувани со станови во Скопје, а сумите се движат од 100 до 500 илјади евра, само да преминат во противничкиот табор. Сето ова е недозволливо во систем кој претендира да биде европски – изјави Апасиев.